Forma
Целта на овој дизајн е купувањето да биде лесно и пријатно, како во продавниците на големите брендови. Прикажува мега-мени со категории, филтри и подредување без повторно вчитување на страницата, брзо додавање во кошничката, кошничка во страничен панел со лента до бесплатна достава и купување на една страница, без регистрација. Брендот е измислен, а нарачката не се испраќа.
Во вистински проект клиентот добива своја администрација, во која сам ги менува цените и производите и ги следи нарачките.

Клучни функционалности
- Мега-мени со категории и фотографии
- Филтри по категорија, материјал, боја и цена, и подредување без повторно вчитување на страницата
- Брзо додавање во кошничката и втора фотографија од производот кога ќе поминете со глувчето
- Кошничка во страничен панел оддесно, со лента за напредок до бесплатна достава
- Страница на производ: галерија со зголемување, избор на боја и големина, количина
- Пребарување преку цел екран што ги филтрира производите додека пишувате
- Купување на една страница, без регистрација: плаќање со картичка или при подигнување
- Демо-администрација: цени, залихи, нови производи, нарачки, акции и купони
Технологии
- Astro
- CSS
- JavaScript
Ова е демо-концепт: брендот, податоците и контактите се измислени, а формуларите ништо не испраќаат. Покажува што можеме да изработиме за слична дејност.
Администрацијата што ја добивате
Цените, производите, нарачките и акциите ги менувате сами, од прелистувачот, и на телефон.
Преглед: продажба, графикон и последни нарачки Производи: брза измена на цената и залихата Уредување производ: фотографии, опис, акциска цена Нарачки: статуси, испратница и извоз во Excel Google табела: цените од табелата преминуваат на веб-страницата
Преглед на телефон Производи на телефон
Преглед
Приказ во живо на демо-страницата на компјутер, таблет и телефон.
Сакате ваква веб-страница?
Напишете ни неколку реченици за вашиот бизнис или пресметајте ја оквирната цена за една минута.