Прескокни до содржината

Користиме колачиња за мерење на посетите и барањата (Google Analytics), само ако ги прифатите. Деталите можете да ги прочитате во политиката за приватност.

Услуга

Заштита на веб-страници

Заштита, бекап и чистење хакирани веб-страници, со над 15 години искуство со сервери, хостинг и заштита.

Заштита

Заштитата не е додаток. Вградена е од првиот ден.

Зад секоја веб-страница стои искуство со сервери. Веб-страницата ја штитиме на повеќе нивоа, а ако вашата веб-страница е веќе хакирана, ќе ја исчистиме и ќе ја заштитиме од нов напад.

Искуство
15+години искуство со сервери, хостинг и заштита
Домен
На ваше имедоменот е на ваше име, а сајтот го користите трајно

Што се случува кога…

Изберете ситуација и погледнете кое ниво на заштита реагира.

Реагира

Firewall

Ги блокира сомнителните барања и обидите за упад пред да стигнат до веб-страницата.

Што се случува

  1. Од иста адреса пристигнува обид по обид, секој пат со друга лозинка.
  2. Firewall го препознава шаблонот и ги запира барањата пред да стигнат до веб-страницата.
  3. Веб-страницата работи нормално, а посетителите не забележуваат ништо.

Обидите се запрени

Реагира

Редовен бекап

Автоматски копии од веб-страницата, за сè да може да се врати ако затреба.

Што се случува

  1. По измената веб-страницата прикажува грешка наместо страница.
  2. Од бекапот ја враќаме копијата од пред измената.
  3. Веб-страницата работи како порано, а измената ја поправаме без брзање.

Вратена е копијата од пред измената

Реагира

SSL

Шифрирана врска и катанец во прелистувачот, поставени од првиот ден.

Што се случува

  1. Некој на истата мрежа се обидува да прочита што посетителот испраќа до веб-страницата.
  2. Врската е шифрирана, па наместо податоци гледа само нечитлив низ знаци.
  3. Лозинките и податоците од формите остануваат заштитени.

Врската останува шифрирана

Реагира

Надзор

Ја следиме работата на серверот и на веб-страницата и реагираме кога нешто не е во ред.

Што се случува

  1. Веб-страницата одеднаш престанува да одговара.
  2. Надзорот го забележува тоа и ни испраќа известување.
  3. Ја проверуваме причината и ја враќаме веб-страницата во работа.

Веб-страницата повторно работи

Реагира

Чистење хакирани веб-страници

Го отстрануваме злонамерниот код, ја затвораме безбедносната дупка и ја штитиме веб-страницата од нов напад.

Што се случува

  1. На веб-страницата се појавува злонамерен код што не треба да биде таму.
  2. Го отстрануваме, а потоа ја наоѓаме и ја затвораме дупката низ која влегол.
  3. Веб-страницата е чиста и заштитена од нов напад.

Веб-страницата е исчистена

Хакирана веб-страница

Како чистиме хакирана веб-страница.

Не ги бришеме само последиците. Ја наоѓаме причината, за нападот да не се повтори.

  1. Утврдуваме што е заразено и спречуваме понатамошно ширење и испраќање несакана пошта.

  2. Ги чистиме датотеките и базата на податоци, ги отстрануваме скриените пристапи и сомнителните кориснички сметки.

  3. Откриваме како влегол нападот и го затвораме тој пат: застарени додатоци, слаби лозинки или лоши поставки.

  4. Поставуваме firewall, бекап и надзор, за нападот да не се повтори.

vashafirma.mkКонтролна таблаЗаразенаИзолиранаИсчистенаПропуст затворенЗаштитена
Излезна поштасе праќа несакана поштапраќањето е запрено

Датотеки

  • index.phpпроверказаразенаисчистена
  • kontakt.phpпроверкачиста
  • za-nas.phpпроверкачиста
  • sliki/проверказаразенаисчистена
  • js/main.jsпроверкачиста
  • .htaccessпроверказаразенаисчистена

Администратори

  • adminсопственик
  • admin2администраторсомнителнаизбришана

Влез на нападот

  • Застарен додатокризикпод клуч
  • Слаба лозинкаризикпод клуч

Заштита

  • Firewallисклученги одбива обидите
  • Бекаписклученвклучен
  • Надзорисклученвклучен

Илустрација: измислена веб-страница, без вистински податоци.

Илустрација: измислена веб-страница, без вистински податоци.

Цена

Заштита со секој хостинг

Хостингот е задолжителен за секоја веб-страница, продавница и апликација, најмалку 12 месеци. Одржувањето е опционално. Заштитата, дневниот бекап и надзорот се дел од секој хостинг-план. Чистењето веќе хакирана веб-страница го проценуваме по прегледот.

  • Хостинг Стартили 50 €/год. · 30 GB NVMe простор, 1 домен, До 3 е-адреси на вашиот домен, Без база на податоци (за статични сајтови и landing страници)5 €
  • Хостинг Бизнисили 100 €/год. · 50 GB NVMe простор, 1 домен, 1 база на податоци, До 10 е-адреси на вашиот домен10 €
  • Хостинг Проили 150 €/год. · 100 GB NVMe простор, 1 домен, 1 база на податоци, До 30 е-адреси на вашиот домен, Приоритет при проблеми15 €
  • Чистење хакирана веб-страницапо прегледот на веб-страницатапо договор

Прашања

Прашања за заштитата

Не го најдовте одговорот? Пишете ни, со задоволство ќе објасниме.

Сите прашања
Што ако мојата веб-страница е хакирана?

Јавете ни се што побрзо. Го отстрануваме злонамерниот код, ја пронаоѓаме и ја затвораме слабоста низ која дошол нападот и ја штитиме веб-страницата од повторен напад.

Како ги штитите веб-страниците?

Со комбинација од firewall, редовен бекап, SSL и надзор. Веб-страниците се без ризични додатоци што постојано треба да се ажурираат, па има и помалку простор за напад.

Колку често правите бекап?

Бекапот е автоматски и редовен. Колку често се прави и колку долго се чуваат копиите наведуваме во понудата, во зависност од веб-страницата.

Подготвени за веб-страница што работи?

Испратете ни неколку реченици за вашиот бизнис или пресметајте ја оквирната цена за една минута.