Прескокни до содржината

Користиме колачиња за мерење на посетите и барањата (Google Analytics), само ако ги прифатите. Деталите можете да ги прочитате во политиката за приватност.

Услуга

Преминување од PrestaShop на брза онлајн продавница

Со админ што е лесен за користење. Без платени модули, без ажурирања што ја расипуваат веб-страницата и без хакерски напади, а одржувањето е наша грижа.

Зошто преминување

Истата продавница, без маки со модули.

Споредете како е сега и како изгледа по преминувањето. Сменете го приказот за да ја видите разликата.

  • БрзинаСега (PrestaShop): Побавно вчитување, особено со многу модулиПотоа (WebUp): Брзо вчитување, без непотребен код
  • Ажурирања и модулиСега (PrestaShop): Ажурирања што понекогаш ја расипуваат продавницатаПотоа (WebUp): Нема модули што треба да се ажурираат
  • БезбедностСега (PrestaShop): Застарените модули се чест пат за хакерски напади и кражба на податоци од картичкиПотоа (WebUp): Без модули од трети страни, со заштита, надзор и бекап
  • Цена на модулитеСега (PrestaShop): Платени модули и лиценци што се обновуваатПотоа (WebUp): Без купување модули, договорените функции се дел од продавницата
  • Кој ја одржуваСега (PrestaShop): Вие, или кој ќе стигнеПотоа (WebUp): Ние: хостинг, заштита, бекап и поправки

Едноставен админ

Што можете сами во админот.

Основните работи ги менувате сами, без чекање и без техничко знаење. Изберете дел од админот за да видите како изгледа.

Пример

Назив, опис, слики, цена, акциска цена, залиха и варијанти, на пример големина и боја.

Додавате нови категории, им ги менувате називите и редоследот во менито на продавницата.

Сите нарачки на едно место, со преглед и промена на статусот: нова, во обработка, испратена.

Акциски цени и истакнати производи на почетната, ги вклучувате и исклучувате со еден клик.

Текстот на банерот, насловите и известувањата на веб-страницата, на пример за испораката.

Пробајте ја демо администрацијата (се отвора во нов прозорец)

Искрено

Што админот намерно не прави.

Админот е едноставен со причина. Посложените работи ги правиме по договор и се плаќаат посебно, само ако ви требаат.

Дополнително, по договор

  • Сложени правила за испоракана пример цена според тежина, зона или курирска службапо договор
  • B2B ценипосебни цени за фирми и големопродажбапо договор
  • Врска со магацинска и сметководствена програмаразмена на залиха, цени и нарачкипо договор

Цената и рокот за овие функции ги добивате во понудата.

Што пренесуваме

Сè што ѝ треба на продавницата, на новото место.

Производите, содржината и адресите ги пренесуваме ние. Вие само проверете дали сè е на свое место.

  • Производи со варијантиголемини, бои и други опции
  • Сликиуспатно ги оптимизираме за побрзо вчитување
  • Категории и описиистата структура што купувачите веќе ја познаваат
  • SEO наслови и описиона што Google веќе го прикажува
  • 301 пренасочувања од старите адресиги задржувате позициите на Google
  • Странициза нас, услови за купување, испорака
  • Купувачи и стари нарачки по желбасамо ако сакате, во согласност со договорот и законот за заштита на податоците

Како изгледа преминувањето

Пет чекори, а старата продавница работи до последниот ден.

Новата продавница се прави покрај старата. Купувачите не забележуваат ништо додека не го префрлиме доменот.

  1. Испраќате линк и пристапЛинк од продавницата и пристап до админот или извоз на податоците.
  2. Преглед и понудаГи прегледуваме производите, функциите и адресите, а вие добивате понуда со цена и рок.
  3. Нова продавница на тест адресаЈа правиме новата продавница и ги пренесуваме податоците, а старата работи нормално.
  4. Проверка и обука за админотЗаедно проверуваме сè, а за админот добивате кратко видео упатство.
  5. Префрлање на доменотДоменот го префрламе на новата продавница. Старата работи до тој момент.

Други платформи

Имате WooCommerce, OpenCart или Shopify?

Истото преминување важи и за тие платформи: ги пренесуваме производите, сликите, категориите и адресите, а вие добивате брза продавница со едноставен админ.

Преминување од WooCommerce

Испратете адреса за проценка

Цена и проценка

Цена од 650 €

Точната цена зависи од големината на веб-страницата, бројот на страници или производи и од тоа што треба да се пренесе.

Почетната цена важи за продавница до околу 300 производи. Повеќе производи и посебни функции се по понуда. Со продавницата оди хостинг Про, најмалку 12 месеци, а препорачуваме и одржување Стандард.

  • Преминување од PrestaShop / WooCommerceдо околу 300 производи, повеќе по понудаод 650 €
  • Хостинг Прозаштита и дневен бекап, најмалку 12 месеци15 €
  • Одржување Стандардпрепорачано: до 1 час измени месечно20 €

Како оди

  1. Ни ја испраќате адресата на веб-страницата.
  2. Во рок од 24 часа ви праќаме проценка на мејл.
  3. Профактурата ја добивате во порталот.
  4. Плаќате по профактурата.
  5. Почнуваме со работа.

Целиот ценовник

Испратете ја адресата на веб-страницата, проценка ви праќаме во рок од 24 часа

Со испраќањето ја прифаќате политиката за приватност. Адресата и податоците ги користиме само за проценката и одговорот.

Прашања

Прашања за преминувањето на продавницата

Не го најдовте одговорот? Пишете ни, со задоволство ќе објасниме.

Сите прашања
Дали ги губам позициите на Google?

Не би требало, бидејќи преминувањето го правиме така што ќе ги задржите: од секоја стара адреса на производ, категорија и страница поставуваме трајно (301) пренасочување кон новата и ги пренесуваме SEO насловите и описите. Така Google знае каде преминало сè.

Колку трае преминувањето?

Зависи од бројот на производи, варијанти и функции што ги пренесуваме. Рокот го добивате во понудата, по прегледот на продавницата.

Што е со фискалните сметки?

Тоа го проверуваме пред преминувањето и договараме решение: поврзување со решението што веќе го користите или предлог за ново. Што точно е вклучено, пишува во понудата.

Дали купувачите можат да платат со картичка и со плаќање при испорака?

Плаќањето при испорака и уплатата на сметка работат веднаш. Плаќањето со картички го поврзуваме преку банката или сервисот за плаќање со кој имате договор.

Дали мојата продавница работи за време на преминувањето?

Да. Новата продавница се прави на тест адреса, а старата работи нормално сè до денот кога ќе го префрлиме доменот.

Чии се податоците и содржината?

Ваши. Производите, сликите, текстовите и податоците за купувачите се ваши. Доменот се регистрира на ваше име, а кога целосно ќе ја платите изработката, продавницата ја користите трајно; ако некогаш заминете, ви ги предаваме датотеките и податоците и ви помагаме при преминувањето.

Колку чини преминувањето?

Цената зависи од големината на веб-страницата, бројот на страници или производи и од тоа што треба да се пренесе, па ја даваме по проценка. Преминувањето на веб-страница почнува од 170 €, а преминувањето на продавница од 650 €. Постапката е ваква: ја испраќате адресата на веб-страницата преку формата на страницата за преминување, во рок од 24 часа ви праќаме проценка на мејл, профактурата ја добивате во порталот, а по плаќањето почнуваме со работа.

Испратете ни линк од вашата продавница.

Ќе ја погледнеме продавницата и ќе ви испратиме понуда со цена и рок за преминувањето.