Проблеми и решенија
Што решаваме
Не продаваме „веб-страници“ и „хостинг“. Ги решаваме проблемите на луѓето што започнуваат или водат бизнис. Пронајдете го својот, а ние ќе ви кажеме како го решаваме.
+1 купувачНова нарачка
Имам идеја, но не знам од каде да почнам.
- Зошто се случува
- Не знаете што ви треба: веб-страница, онлајн продавница, социјални мрежи или домен.
- Како решаваме
- Почнуваме со разговор за идејата, ви даваме јасен план со цена, а потоа правиме сè по ред.
- Што добивате
- Готова веб-страница, деловна е-пошта и план како да дојдат првите купувачи.
Посети
Ново барањеНово барањеИмам веб-страница, но никој не ме наоѓа.
- Зошто се случува
- Веб-страница што не е подесена за Google и што никој не ја рекламира е како продавница без табла.
- Како решаваме
- SEO, огласи и социјални мрежи, со мерење што носи резултат.
- Што добивате
- Повеќе посетители и барања, со месечен извештај.
БавноБрзо
Веб-страницата ми е бавна, застарена или постојано паѓа.
- Зошто се случува
- Старите веб-страници со многу додатоци се бавни и бараат постојани ажурирања.
- Како решаваме
- Правиме нова, брза веб-страница и ги префрламе содржината и адресите, за да не ги изгубите позициите на Google.
- Што добивате
- Веб-страница што брзо се отвора и не бара постојани поправки.
+ претплата+ % провизија+ претплата+ % провизија
Фиксен износПлаќам премногу за Wix или Shopify.
- Зошто се случува
- Месечните претплати и провизии растат со секоја продажба.
- Како решаваме
- Ја префрламе веб-страницата или продавницата на ваша сопствена, а хостингот го плаќате како фиксен износ.
- Што добивате
- Иста или подобра веб-страница, без провизии по продажба.
План за цел месец
Немам време за социјални мрежи и огласи.
- Зошто се случува
- Објавите „кога ќе стигнам“ не носат ништо.
- Како решаваме
- Правиме план за цел месец, вие го одобрувате со еден клик, а ние објавуваме.
- Што добивате
- Редовни објави и видеа на сите мрежи што ќе ги изберете.
ЗаразеноЗаштитеноБекап
Се плашам дека веб-страницата ќе ми биде хакирана, или веќе е.
- Зошто се случува
- Незаштитените веб-страници се лесна мета.
- Како решаваме
- Ги чистиме заразените веб-страници, ги затвораме дупките и следиме да не се повтори.
- Што добивате
- Заштитена веб-страница, редовни резервни копии и надзор.
Мејловите ми завршуваат во спам, или немам деловна е-пошта.
- Зошто се случува
- Мејл од Gmail адреса не улева доверба, а лошо подесен домен ги праќа пораките во спам.
- Како решаваме
- Поставуваме деловна е-пошта на вашиот домен, како што треба.
- Што добивате
- Адреса „ime@vashafirma.mk“ и мејлови што стигнуваат во сандачето.
Кога нешто не работи, немам кого да прашам.
- Зошто се случува
- Веб-страницата ја прави еден, хостингот го држи друг, мрежите ги води трет, и никој не е одговорен.
- Како решаваме
- Кај нас сè е на едно место, со портал за сметки и поддршка.
- Што добивате
- Еден партнер што го познава целиот ваш систем.
Не го гледате вашиот проблем?
Напишете ни накратко што ве мачи, ќе ви одговориме во рок од 24 часа.