Услуга
Преминување од WooCommerce на брза онлајн продавница
Со админ што е лесен за користење. Без WordPress, без додатоци што се судираат и без ажурирања што ја расипуваат веб-страницата, а одржувањето е наша грижа.
Зошто преминување
Истата продавница, без WordPress и додатоци.
Споредете како е сега и како изгледа по преминувањето. Сменете го приказот за да ја видите разликата.
- БрзинаСега (WooCommerce): Побавно вчитување, бидејќи WordPress, темата и додатоците вчитуваат многу кодПотоа (WebUp): Брзо вчитување, без вишок код
- АжурирањаСега (WooCommerce): WordPress, темата и додатоците бараат постојани ажурирања, кои понекогаш ја расипуваат продавницатаПотоа (WebUp): Нема WordPress, тема ниту додатоци што треба да се ажурираат
- Судири меѓу додатоциСега (WooCommerce): По ажурирање, еден додаток може да расипе другПотоа (WebUp): Функциите се дел од продавницата, па нема што да се судри
- БезбедностСега (WooCommerce): Застарените додатоци се чест пат за хакирање и кражба на податоциПотоа (WebUp): Без додатоци од трети страни, со заштита, надзор и бекап
- Платени додатоциСега (WooCommerce): Платени додатоци и лиценци што се обновуваатПотоа (WebUp): Без купување додатоци, договорените функции се дел од продавницата
- Кој одржуваСега (WooCommerce): Вие, или кој ќе стигнеПотоа (WebUp): Ние: хостинг, заштита, бекап и поправки
Едноставен админ
Што можете сами во админот.
Основните работи ги менувате сами, без чекање и без техничко знаење. Изберете дел од админот за да видите како изгледа.
Назив, опис, слики, цена, акциска цена, залиха и варијанти, на пример големина и боја.
Додавате нови категории, им ги менувате називите и редоследот во менито на продавницата.
Сите нарачки на едно место, со преглед и промена на статусот: нова, во обработка, испратена.
Акциски цени и истакнати производи на почетната, ги вклучувате и исклучувате со еден клик.
Текстот на банерот, насловите и известувањата на веб-страницата, на пример за испораката.
Пробајте ја демо администрацијата (се отвора во нов прозорец)
Искрено
Што админот намерно не прави.
Админот е едноставен со причина. Посложените работи ги правиме по договор и се плаќаат посебно, само ако ви требаат.
Дополнително, по договор
- Сложени правила за испоракана пример цена според тежина, зона или курирска службапо договор
- B2B ценипосебни цени за фирми и големопродажбапо договор
- Врска со магацинска и сметководствена програмаразмена на залиха, цени и нарачкипо договор
Цената и рокот за овие функции ги добивате во понудата.
Што пренесуваме
Сè што ѝ треба на продавницата, на новото место.
Производите, содржината на WordPress веб-страницата и адресите ги пренесуваме ние. Вие само проверете дали сè е на свое место.
- Производи со варијацииголемини, бои и други опции
- Сликиуспатно ги оптимизираме за побрзо вчитување
- Категории и ознакиистата структура што купувачите веќе ја знаат
- SEO наслови и описии од Yoast или Rank Math, ако ги користите
- 301 пренасочувања од старите адреси/product/…, /product-category/… и /?p=…, каде што постојат
- Страници и блогстраници и статии од WordPress веб-страницата
- Купувачи и стари нарачки по желбасамо ако сакате, во согласност со договорот и законот за заштита на податоците
Како изгледа преминувањето
Пет чекори, а старата продавница работи до последниот ден.
Новата продавница се прави покрај старата. Купувачите не забележуваат ништо додека не го префрлиме доменот.
- Испраќате линк и пристапЛинк од продавницата и пристап до админот или извоз на податоците.
- Преглед и понудаГи прегледуваме производите, функциите и адресите, а вие добивате понуда со цена и рок.
- Нова продавница на тест адресаЈа правиме новата продавница и ги пренесуваме податоците, а старата работи нормално.
- Проверка и обука за админотЗаедно проверуваме сè, а за админот добивате кратко видео упатство.
- Префрлање на доменотДоменот го префрламе на новата продавница. Старата работи до тој момент.
Други платформи
Имате PrestaShop, OpenCart или Shopify?
Истото преминување важи и за тие платформи: ги пренесуваме производите, сликите, категориите и адресите, а вие добивате брза продавница со едноставен админ.
Испратете адреса за проценкаЦена и проценка
Цена од 650 €
Точната цена зависи од големината на веб-страницата, бројот на страници или производи и од тоа што треба да се пренесе.
Почетната цена важи за продавница до околу 300 производи. Повеќе производи и посебни функции се по понуда. Со продавницата оди хостинг Про, најмалку 12 месеци, а препорачуваме и одржување Стандард.
- Преминување од PrestaShop / WooCommerceдо околу 300 производи, повеќе по понудаод 650 €
- Хостинг Прозаштита и дневен бекап, најмалку 12 месеци15 €
- Одржување Стандардпрепорачано: до 1 час измени месечно20 €
Како оди
- Ни ја испраќате адресата на веб-страницата.
- Во рок од 24 часа ви праќаме проценка на мејл.
- Профактурата ја добивате во порталот.
- Плаќате по профактурата.
- Почнуваме со работа.
Прашања
Прашања за преминувањето на продавницата
Не го најдовте одговорот? Пишете ни, со задоволство ќе објасниме.
Дали ги губам позициите на Google?
Не би требало, бидејќи преминувањето го правиме така што ќе ги задржите: од старите адреси на производи (/product/…), категории (/product-category/…), страници и статии поставуваме трајни (301) пренасочувања кон новите, а и од /?p=… адресите, каде што постојат. Ги пренесуваме и SEO насловите и описите. Така Google знае каде преминало сè.
Колку трае преминувањето?
Зависи од бројот на производи, варијации, страници и функции што ги пренесуваме. Рокот го добивате во понудата, по прегледот на продавницата.
Дали купувачите ги задржуваат профилите?
Податоците за купувачите може да се пренесат, ако тоа е договорено со договорот. Лозинките не може да се пренесат, па купувачите еднаш поставуваат нова лозинка. Купувањето може да работи и без профил.
Курирски служби и плаќање со картички?
Плаќањето при испорака и уплатата на сметка работат веднаш. Плаќањето со картички оди преку банката или сервисот за плаќање со кој имате договор. Поврзувањето со курирска служба е по договор.
Што е со фискалните сметки?
Тоа го проверуваме пред преминувањето и договараме решение: поврзување со решението што веќе го користите или предлог за ново. Што точно е вклучено, пишува во понудата.
Што бива со блогот и страниците од WordPress?
Ги пренесуваме заедно со продавницата: страници како за нас, услови за купување и испорака, и статиите од блогот, со пренасочувања од старите адреси.
Дали мојата продавница работи за време на преминувањето?
Да. Новата продавница се прави на тест адреса, а старата работи нормално сè до денот кога ќе го префрлиме доменот.
Чии се податоците и содржината?
Ваши. Производите, сликите, текстовите и податоците за купувачите се ваши. Доменот се регистрира на ваше име, а кога целосно ќе ја платите изработката, продавницата ја користите трајно; ако некогаш заминете, ви ги предаваме датотеките и податоците и ви помагаме при преминувањето.
Колку чини преминувањето?
Цената зависи од големината на веб-страницата, бројот на страници или производи и од тоа што треба да се пренесе, па ја даваме по проценка. Преминувањето на веб-страница почнува од 170 €, а преминувањето на продавница од 650 €. Постапката е ваква: ја испраќате адресата на веб-страницата преку формата на страницата за преминување, во рок од 24 часа ви праќаме проценка на мејл, профактурата ја добивате во порталот, а по плаќањето почнуваме со работа.
Испратете ни линк од вашата продавница.
Ќе ја погледнеме продавницата и ќе ви испратиме понуда со цена и рок за преминувањето.