Прескокни до содржината

Користиме колачиња за мерење на посетите и барањата (Google Analytics), само ако ги прифатите. Деталите можете да ги прочитате во политиката за приватност.

Услуга

Реклами што носат барања, а не само кликови.

Поставуваме реклами на Google, Facebook и Instagram, го мериме секое барање и секој повик и секој месец јасно ви покажуваме што функционира, а што не.

Илустрација

Мерење

Прво мерење, па реклами.

Без следење рекламите се погодување: гледате кликови, но не знаете кој се јавил или испратил барање. Затоа прво го поставуваме мерењето, па дури потоа го трошиме вашиот буџет.

Вашата фирма

Итни интервенции и сервис

Доаѓаме истиот ден, низ целиот град.

Комплет за бања

Оваа страница користи колачиња за мерење.

Вашиот извештај

Приказ на извештајот
Кликови
124
Барања
0?
Повици
0?
Купувања
0?

Ги гледате кликовите, но не и што донеле.

    Кликнете на страницата, па видете што се бележи.

    Илустрација · измислена фирма и бројки

    Мерењето работи само со согласност на посетителот. Поставуваме банер за колачиња со секое поставување на следењето.

    Платформи

    Две платформи, две намени.

    Google и Meta (Facebook и Instagram) допираат до различни луѓе во различен момент. Избираме според тоа каде се вашите купувачи.

    Ништо не се зачувува и не се испраќа.

    Google

    Луѓе што веќе ја бараат вашата услуга

    Рекламата се прикажува кога некој токму пишува тоа што го нудите, па намерата да купи или да се јави веќе постои.

    • Локални услуги и итни интервенции
    • Услуги што луѓето ги бараат по име
    • Продавници со јасни производи

    Facebook и Instagram

    Луѓе што уште не бараат, но се ваша публика

    Рекламата им се прикажува на луѓето според место, возраст и интереси, додека листаат. Добро за запознавање со вашата фирма и за понуди.

    • Производи што добро изгледаат на слика
    • Понуди, акции и нови производи
    • Локална публика околу вашата продавница

    Илустрација

    Кратка проверка

    Каде се вашите купувачи?

    Три прашања, па препорака: Google, Facebook и Instagram или двете платформи. Сè се пресметува во вашиот прелистувач и ништо не се испраќа додека сами не одлучите.

    1. Дали луѓето веќе ја бараат вашата услуга на Google?
    2. Дали вашиот производ или услуга добро изгледа на слика?
    3. Дали продавате локално или низ целата земја?

    Нашата препорака

    Одговорете на прашањата.

    Одговорено 0 од 3

    Испратете барање со оваа препорака

    Копчето се вклучува кога ќе одговорите на сите три прашања.

    Препораката е приближна. Конечен предлог даваме по краток разговор за вашата работа.

    Како работиме

    Од целта до месечниот извештај.

    Во секој чекор знаете што правиме, за што се троши буџетот и што носи.

    1. 01

      Цел и буџет

      Добивате: План за кампања и буџет

      Утврдуваме што е за вас успех (барање, повик или купување) и колкав буџет има смисла.

    2. 02

      Следење и мерење

      Добивате: Исправно мерење на веб-страницата

      Поставуваме Google Analytics, Tag Manager и Meta Pixel и проверуваме дали секое барање и секој повик се бележат.

    3. 03

      Кампањи и реклами

      Добивате: Активни кампањи

      Правиме кампањи, текстови и основни визуелни елементи. Пред објавата вие ги одобрувате рекламите.

    4. 04

      Оптимизација секоја недела

      Добивате: Буџетот оди на она што работи

      Секоја недела ги прегледуваме резултатите, го исклучуваме она што не носи барања и го засилуваме она што носи.

    5. 05

      Месечен извештај

      Добивате: Јасен извештај, без жаргон

      Еднаш месечно добивате краток извештај: колку е потрошено, колку барања и повици имало и што менуваме.

    Пакети

    Основното секогаш, додатоците по избор.

    Покренувањето на кампањата го плаќате еднаш, а основното водење месечно. Следењето, втората платформа, новиот рекламен профил и активното водење се додатоци. Буџетот за реклами е одвоен и го плаќате директно на Google или на Meta.

    Основно · секогаш вклучено

    • Секогаш вклучено

      Покренување на кампања

      100 € еднократно

      Една платформа, Google или Meta, и една кампања поврзана со вашата веб-страница.

      • Една платформа (Google или Meta)
      • Поврзување со веб-страницата
      • Основно мерење на барањата
      • Една кампања со до 3 реклами
    • Основно водење

      20 €

      по платформа

      Кампањата работи, а еднаш месечно ја проверуваме и коригираме.

      • Месечна проверка и корекција на буџетот и таргетирањето
      • Краток месечен извештај

    Додатоци · еднократно

    • Следење и мерење

      +190 € еднократно

      За да знаете од каде доаѓа секое барање, повик и купување.

      • Google Analytics 4 и Tag Manager
      • Meta Pixel
      • Мерење на повици и купувања
      • Банер за колачиња со согласност
      Испратете барање
    • Отвораме нов рекламен профил

      +100 € еднократно по платформа

      Ако сè уште немате рекламен профил, го отвораме и го поврзуваме со вашата картичка. Наплатата е секогаш директно од платформата.

      • Нов рекламен профил
      • Поставување на наплатата на вашата картичка
      • Пристап за вас
      Испратете барање
    • Втора платформа

      +100 € еднократно

      и +20 € месечно за основно водење

      Реклами и на Google и на Meta (Facebook и Instagram).

      • Покренување на кампања и на втората платформа
      • Основно водење и за втората платформа
      Испратете барање

    Ако ние го отвориме профилот, рекламниот профил на Google можете да го преземете кога соработката ќе престане. За Facebook и Instagram однапред се договараме дали профилот се отвора во вашиот или во нашиот деловен профил, бидејќи профил отворен во нашиот деловен профил подоцна не може да се пренесе. Вашата страница и профил се секогаш ваши.

    Активно водење · месечно, наместо основнотоГодишно плаќање: −15% на активното водење

    • Една платформа

      190 €

      или 161 €/мес. со годишно плаќање

      Google или Meta (Facebook и Instagram).

      • Подесување и оптимизација секоја недела
      • До 4 нови реклами месечно
      • Месечен извештај
      Испратете барање
    • Препорачуваме

      Двете платформи

      320 €

      или 272 €/мес. со годишно плаќање

      Google и Meta заедно, со еден преглед на резултатите.

      • Подесување и оптимизација секоја недела
      • До 8 нови реклами месечно
      • Заеднички месечен извештај
      Испратете барање
    • Поголем буџет

      Буџет за реклами над 2.000 €/мес.

      по договор

      За поголеми кампањи, повеќе земји или многу производи, цената на водењето ја договараме според обемот на работа.

      Испратете барање

    Landing страница за кампања: по цената на пакетот „Лендинг-страница“ (120 €), со хостинг Старт од 5 € месечно.

    Буџетот за реклами не е дел од нашата цена: го плаќате директно на Google или на Meta, со картичка на фирмата, а препорачуваме од 150 € месечно по платформа. Водењето се договара за најмалку 1 месец и се откажува пред почетокот на следниот месец. Видео и посложена графика не се вклучени и се прават по договор.

    Не ветуваме продажба, број на барања ниту цена по клик. Ветуваме исправно мерење, редовна оптимизација и јасен извештај.

    Рекламите носат посети додека ги плаќате, а SEO гради посети што остануваат. Најдобро работат заедно. SEO и позиции на Google →

    Објави + реклами

    Рекламите носат нови луѓе, а редовните објави ги задржуваат и градат доверба. Ако покрај рекламирањето нарачате и социјални мрежи, добивате попуст од 10% на месечната цена на пакетот за социјални мрежи.

    Погледнете ги социјалните мрежи

    Калкулатор

    Пресметајте колку чини.

    Основното покренување и водење се секогаш вклучени, а додатоците ги избирате. Одвоено гледате што ни плаќате нам, а што директно на Google и Meta.

    1Платформи (една или двете)

    Една платформа е вклучена. Втора платформа: +100 € еднократно и +20 € месечно за основно водење.

    2Основно (секогаш вклучено)

    Покренување на кампања100 € еднократно

    • Една платформа (Google или Meta)
    • Поврзување со веб-страницата
    • Основно мерење на барањата
    • Една кампања со до 3 реклами

    Основно водење20 €

    • Месечна проверка и корекција на буџетот и таргетирањето
    • Краток месечен извештај
    3Додатоци (може да изберете повеќе)
    4Водење кампањи

    Активно водење: една платформа 190 €, двете 320 € месечно; со годишно плаќање 161 € или 272 € месечно (−15%).

    5Дневен буџет за реклами (по платформа)
    € дневно

    ≈ 304 € месечно

    Буџетот го плаќате директно на платформата. Месечно е дневниот буџет × 30,4 дена.

    Денес плаќате120 €
    Испратете барање

    Прашања

    Прашања за рекламирањето

    Не го најдовте одговорот? Пишете ни, со задоволство ќе објасниме.

    Сите прашања
    Колкав буџет за реклами ми треба?

    Препорачуваме од 150 € месечно по платформа. Колку е доволно зависи од дејноста, градот и конкуренцијата, па предлог за буџет даваме по краток разговор. Буџетот може да се зголеми кога ќе се види што носи барања.

    Дали гарантирате продажба или број на барања?

    Не. Никој чесен не може да го гарантира тоа, бидејќи на резултатот влијаат и понудата, цените, конкуренцијата и одлуките на платформите. Гарантираме исправно мерење, редовна оптимизација и јасен месечен извештај.

    Кому му го плаќам буџетот за реклами?

    Директно на Google или на Meta, со картичка на фирмата. Буџетот не е дел од нашата цена и ние не ги чуваме вашите пари за реклами.

    Чии се профилите за реклами?

    Ако веќе имате профил, тој останува ваш, а ние добиваме пристап што можете да го отстраните кога сакате. Ако ние го отвориме профилот, рекламниот профил на Google можете да го преземете кога соработката ќе престане. За Facebook и Instagram однапред се договараме дали профилот се отвора во вашиот или во нашиот деловен профил, бидејќи профил отворен во нашиот деловен профил подоцна не може да се пренесе. Вашата страница и профил се секогаш ваши.

    За колку време се гледаат резултатите?

    Првите податоци се гледаат за 1–2 недели. Кампањата обично се стабилизира по 1–3 месеци, кога ќе се види кои пребарувања, публики и реклами носат барања.

    Дали ги правите рекламите, текстовите и сликите?

    Да. Ги пишуваме текстовите на рекламите и правиме основни визуелни елементи, а пред објавата вие ги одобрувате. Видео и посложена графика се прават по договор.

    Што ако платформата одбие или блокира реклама?

    Го исправаме она што платформата го бара и повторно ја испраќаме рекламата на проверка. Конечната одлука ја носат Google и Meta, па објавата на рекламата не можеме да ја гарантираме.

    Може ли да го откажам водењето кампањи?

    Да. Водењето се договара за најмалку 1 месец и се откажува пред почетокот на следниот месец. Стабилни резултати обично се гледаат по 1–3 месеци.

    Што е годишен пакет за водење кампањи?

    Ако активното водење го договорите за 12 месеци, месечната цена е пониска за 15%. Попустот важи само за активното водење, не за покренувањето на кампањата, додатоците, основното водење ниту за буџетот за реклами. Ако прекинете порано, ја доплаќате разликата до редовната месечна цена за веќе искористените месеци.

    Што е вклучено во основната цена на рекламирањето?

    Покренување на кампања (100 € еднократно): една платформа, Google или Meta, поврзување со веб-страницата, основно мерење на барањата и една кампања со до 3 реклами. Основно водење (20 € месечно): месечна проверка и корекција на буџетот и таргетирањето и краток извештај. Следењето и мерењето, втората платформа, новиот рекламен профил и активното водење се додатоци.

    Сакате реклами што се мерат?

    Напишете ни со што се занимавате и каде се вашите купувачи, па ќе ви предложиме платформа и буџет. Покренувањето на кампањата е од 100 €.